Локалниот Економски Социјален Совет на Општина Струмица, на ден 08.05.2019 во Домот на АРМ ја одржа осмата седница. Откако беше усвоен записникот од седмата седница, Претседавaчот на ЛЕСС-Тони Милушев ја презентира улогата на ЛЕСС во имплементација на Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалот ” на Меѓународната организација на труд. Се избра тим од 5 преставника и нивни заменици кои ќе учествуваат во втората компонента од проектот – Хоризонтален преглед на Локалните Економско Социјални Совети и се потврди апликацијата за интересот за Локално партнерство за вработување до МOT.