Стартуваше изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица

Во домот на АРМ, денеска, се одржа првата работилници во рамките на изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица за периодот 2016 – 2020 година.

12227032_891101764276588_9095510514254568898_nНа работилницата на која присуствува претставници на општинската администрација, јавните претпријатија, бизнис и невладиниот сектор, се дефинираше рамката за работа, се направи резиме на старата Стратегија за ЛЕР и останатите стратешки документи поврзани со економскиот развој на општина Струмица, а се дискутираше за добрите практики и научени лекции во процесот на изработка на постоечката, а кои што можат да се применат во новата Стратегија. На денешната средба, членовите на работната група ги дефинираа и приоритетите за секоја област во новата Стратегија за ЛЕР.

12208552_891101770943254_559294082015741214_n
Визијата, стратегиските цели, програмите и проектите кои ќе се идентификуваат низ неколку работилници, ќе овозможат побрз локален економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на општина Струмица. Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на УСАИД – проект „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработување“ (ЈЕС мрежа), а преку Локалниот економско социјален совет и одделението за локален економски развој на општина Струмица.

12189665_891101747609923_978318078789316787_n 12208632_891101754276589_2163236865792206349_n 12190103_891101750943256_6718569246631608625_n