Локалниот економски совет изработува нова Стратегија за локален економски развој 2016 – 2020 година

Локалниот економско социјален совет на општина Струмица, денеска, одржа работен состанок, на кој главна тема беше изработката на Стратегија за локален економски развој на општината за периодот 2016 – 2020 година. 12038314_873965822656849_457672931701670473_nНа состанокот присуствуваа членови на Советот на општина Струмица, претставници на општинската администрација, јавните претпријатија, бизнис заедницата и невладиниот сектор.

12004895_873965785990186_9080817078344970182_n

-Општина Струмица и денеска е исправена пред нов предизвик. На иницијатива на Локалниот економско социјален совет, а во рамките на редовните работни обврски, се одржува работен состанок на кој што се поканети сите релевантни актери во локалната заедница да разговараат и да започнат еден процес за креирање нова Стратегија за локален економски развој за периодот 2016 – 2020 година, со една единствена цел да го подобрат и унапредат развојот на општина Струмица создавајќи нови можности и перспективи за граѓаните на општина Струмица.11226050_873965802656851_594282421378110256_n

Оваа активност на Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина при општина Струмица, финансиски е поддржана од проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработувањето (ЈЕС мрежа)“, заради што цврсто верувам дека сите присутни тука заедно со граѓаните ќе ги стават на располагање сите свои знаења и капацитети да искреираат еден здрав, содржаен стратешки документ кој ќе биде реално остварлив и кој ќе значи потврда дека општина Струмица и натаму останува една од најразвиените општини во државата, а со тоа го задржува и приматот за најпосакувано место за живеење, рече Тони Милушев претседавач на Локалниот економско социјален совет на општина Струмица.

12042904_873965779323520_2285492678633699862_n 12019858_873965815990183_3668441802264017834_n 12043136_873965772656854_5272665818331430522_n