На 11 февруари 2015г. во Дом на АРМ во Струмица, пред полна сала со речиси стотина присутни беше промовирана веб страната на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) на Општина Струмица. Промоцијата беше организирана од ЛЕСС на Општина Струмица со поддршка од УСАИД Мрежа ЈЕС. ЛЕСС Струмица е првиот Локален Економско Социјален Совет на ниво на Македонија кој има изработено своја веб страна.
Настанот го водеше Претседавачот на ЛЕСС Струмица, г-дин Тони Милушев кој на почетокот направи кратко резиме на активностите на ЛЕСС од неговото формирање па се’ до денес и ги појасни произлезените резултати, ги наведе подготвените стратешки документи, го потенцираше постојаното градење на капацитетите на ЛЕСС, со цел подобрување на социо-економските услови во локалната заедница со посебен аспект кон зголемување на вработувањето на младите.
Обраќање имаше и претседателот на Совет на Општина Струмица, г-дин Јосиф Христов кој ја изрази поддршката на Советот на Општината во функционирањето и активностите на ЛЕСС и ја потенцираше важноста од постоењето и делувањето на ЛЕСС.
Младите го изразија своето задоволство, поддршка и ентузијазам за овој веб портал преку својот претставник од Советот на млади, г-дин Томи Печков, додека г-а Мери Туџарова, претставник од Здружението на лица со телесна попреченост “Мобилност – Струмица” говореше за отворената соработка и важноста на вклучувањето во работата на ЛЕСС на лицата со попреченост.
Г-дин Енес Исмаилов, дизајнер на веб страната, го пренесе процесот на изработка и направи презентација на содржината и менијата, како и сите достапни ресурси и стратешки документи, контакти од партнери и корисни линкови, меѓу кои и оној од АВРМ и неколкуте други поголеми социјални платформи, на кои постојано се објавуваат огласи за вработување.
Веб страната беше презентирана како јавен ресурс и алатка за поефикасна двонасочна комуникација со локалната заедница, засегнатите страни и партнери. Беа поканети сите интересенти, особено младите, редовно да ја посетуваат, за да може полесно да стигнат до релевантни и корисни информации за нив, првенствено оние поврзани со локалниот пазар на труд.