Локалните економско социјални совети со подобри капацитети до влијателни одлуки

Во период 15-16 мај 2014г. во х. Сириус се одржа работилница за јакнење на капацитетите на Локалните економско социјални совети (ЛЕСС) од партнер општините на Мрежа ЈЕС. Учесници беа членовите на ЛЕСС на Град Скопје и преставници од раководството (претседавач, заменик претседавач и секретар) од Локалните економско социјални совети на Општините Тетово, Гостивар, Струмица, Битола, Прилеп и Штип.

DSC01241

Во текот на првиот ден, групата составена од претставниците на ЛЕСС на Град Скопје направи рефлексија на првиот дел од обуката за стратешко планирање и се фокусираше на финализирање на планот на активности. Останатата група составена од претставниците на раководството на ЛЕСС од останатите општини работеше на утврдување на статусот на Советите од аспект на ефикасност, успешност и видливост, како и на идентификување на потребите за подобрување на организациските капацитети. Се работеше и на содржини кои се во насока на потенцирање на улогата на раководството во функција на обединување на тимот и ефикасно реализирање на планираните задачи, како и начинот на донесување одлуки. Посебна презентација беше одржана за компаративен и колаборативен начин за разрешување конфликти.

DSC01246

Следниот ден, двете групи претставници работеа заедно и споделуваа искуства, добри практики и научени лекции, а исто така, планираа и одредени активности за подобро вмрежување и одржливост, со цел да се оспособат Советите да продолжат да функционираат успешно и независно од донаторската помош.

Ова беше прва средба од ваков вид на која беа разменети искуства за да се дефинира начинот на кој Советите може да поминат од сегашното кон понапредно ниво.

DSC01248