Како продолжение на заложбата за јакнење на капацитетите на Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕССи), Мрежа ЈЕС организираше обука Изработка на проекти, според моделот на Европска Унија во текот на 28-29 ноември 2014г. во х. Романтик – Дојран, наменета за првата група ЛЕССи од општините: Струмица, Штип, Прилеп и дел од претставниците на ЛЕСС на Град Скопје.
Обуката започна со претставување на основните елементи на циклусот на подготовка и управување на проект, а потоа се премина на презентација на најважните делови од Водичот за апликанти и објаснување на насоките за пополнување на конкретна апликација за проект. На крај, учесниците разработуваа модел – концепт на проект, односно се обидоа да направат рамка за предлог проект кој се однесува на некој од нивните најургентни приоритети и кој со мало доработување може да биде искористен за некој од следните ИПА повици за грантови.
Учесниците во финалната фаза од обуката ги резимираа своите впечатоци и стекнати знаења и дефинираа следни чекори за делување.
Следната обука на оваа тема ќе биде одржана во текот на 05 – 06 декември 2014г. во х.Ривиера-Охрид, наменета за втората група ЛЕССи од општините: Тетово, Гостивар, Битола и за претставници од ЛЕСС на Град Скопје.