Ристе Пандев избран за најдобар спортист во општина Струмица за 2014 година

Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ беа прогласени најдобрите спортисти, екипи и тренери во општина Струмица за 2014 година.За најдобар спортист беше прогласен најдобриот македонски атлетичар Ристе Пандев од атлетскиот клуб Струмица. Наградите на најдобрите им ги врачија градоначалникот Зоран Заев и претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов.Спортот е значаен сегмент од нашето секојдневно живеење.

DSC_5564 Општина Струмица е главен партиципант во сите спортски активности што се случуваат на територијата на нашата општина, но истовремено еден од најсилните финансиски поддржувачи на опстојувањето и успесите на нашите спортски клубови и во наредната 2015 година продолжуваме со поддршките, бидејќи драгоцено е партиципативното учество на општината од буџетот. Оваа година имаме значајни титули кои ја афирмираат нашата Македонија и секако нашата Струмица, во знак на благодарност, денеска имавме чест да им ги дадеме признанијата на сите спортисти согласно нивните достигнувања, надевајќи се дека во 2015 година ќе имаме уште поголеми резултати и афирмација и на спортот и на нашата општина Струмица, рече градоначалникот Заев.Спред Ристо Секулов, овластен инспектор за спорт во општина Струмица, стручна комисија гласаше самостојно за сите категории.Како и секоја година, така и оваа, општина Струмица ги избра најдобрите спортисти, тренери, спортски работници и екипи. Стручна комисија гласаше самостојно за сите категории, така што на крај ги добивме најдобрите во младинска и сениорска конкуренција. Се надевам дека спортистите ќе продолжат да ја претставуваат нашата општина во најдобро светло и во наредната 2015 година, рече Секулов.

DSC_5476

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

2014 ГОДИНА

 НАЈДОБРА ЕКИПА (МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

III место   –   ЖФК ТИВЕРИЈА (кадетско-младинска школа)

II место    –   ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (Генерација 1997)

I место     –    ОК СТРУМИЦА (Младинци)

НАЈДОБАР СПОРТИСТ (МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

III место  –     ВИКТОРИЈА ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија)

II место –      КИРИЛ ПАНОВ (КК Ролинг 08)

I место –      ВАЛЕНТИН КОЧОСКИ (ФК Академија Пандев)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИ КАТЕГОРИИ

III место – ВАСКО РИЧЛИЕВ (ОК Македонија Макс)

II место – ПАНЧЕ СТОЈАНОВ (ФК Академија Пандев)

I место – ЗОРАН СПАСОВ (КБК Тим Зоран)

БЛАГОДАРНИЦА

МЕРИ ЈАНЕВА (Куглање) – за спортско достигнување во 2014 година

НИКОЛА ЃОРГИЕВ (Одбојка) – за спортско достигнување во 2014 година

ДЕЈАН ИЛИЕВ (Фудбал) – за спортско достигнување во 2014 година

КИРЕ ВЕЛКОВ (ППК Струмица) – 40 години активно бавење со пинг понг

ПЕД ЕДЕЛВАЈС – Спортски настан на годината (Европско првенство во спортска ориентација)

ДИМИТРИЈЕ ПЕЛИВАНОВ (АМК Џип рели спорт) – Спортска атракција на годината

ПЛАКЕТИ

РЕАЛЕН АИКИДО КЛУБ АСТРАИОН – 5 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

ЗСКК НО ЛИМИТС – 5 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

АК СКАЛА – 5 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

МКК СТРУМИЦА – 5 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

СМТК МОТОФЛЕШ –  15 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

КАРАТЕ КЛУБ ШИХАН –  20 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА –  40 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

НАЈДОБАР ТРЕНЕР

III место   СЛАВЕ ВЕЛКОВ (ЖФК Тиверија)

II место    ЗОРАН СПАСОВ (КБК Тим Зоран)

I место     КИРИЛ РИЧЛИЕВ (ОК Струмица)

НАЈДОБРА ЕКИПА

III место     ЖФК ТИВЕРИЈА

II место      РК ЗОМИМАК М

I место       ОК СТРУМИЦА

СПОРТИСТ

III    РЕВАЗ ЧАНТУРИЈА (РК Зомимак М)

II     ФИЛИП МАЏУНКОВ (ОК Струмица)

I      РИСТЕ ПАНДЕВ (АК Струмица)