Донесен Буџетот на општина Струмица за 2015 година

Советот на општина Струмица на вчерашната 22 седница го донесе Буџетот на општината ,,тежок ‘‘ 1.081.322.000 денари, што е за 0,5% помал од оној за 2014 година. Од вкупните средства во Буџетот, 50% се сопствени изворни средства, 42% се блок дотации, 5% се средства од самофинансирачкиактивности и 3% се донации. Буџетот има развојна компонента, бидејќи 62% од неговиот основен дел се однесуваат на капитални инвестиции. Во 2015 година, согласно донесениот Буџет, ќе бидат реализирани 347 конкретни капитални проекти.

10872119_627131407409373_1164399232_n