Локалниот економски – социјален совет ги зајакнува капацитетите

Членовите на Локалниот економски – социјален совет на општина Струмица во домот на АРМ одржаа работилница за јакнење на капацитетите. Одржувањето на работилницата е во рамките на реализацијата на проектот YES мрежа на УСАИД. На оваа средба членовите ја анализираа досегашната работа на советот, ги разгледаа планираните активности согласно стратешките документи, а беа иницирани и повеќе предлог идеи  за надминување на пречките кои се воочени во досегашното функционирање на советот.