Општина Струмица ќе добие Локален акциски план за вработување

Општина Струмица ќе добие Локален акциски план за вработување, ваква одлука  денеска беше донесена на четвртата седница на Локалниот Економски Социјален Совет. За неговото значење и целта поради која треба да биде донесен, зборуваше Ристо Иванов, консултант за подготовка на овој многу важен документ. На седницата беше формирана и работна група која во рок од 30 дена треба да го дефинира буџетот како составен дел на стратешкиот план на ЛЕСС.

На денешната седница за заменик претседавач на Локалниот Економски Социјален Совет на општина Струмица беше избрана Соња Куртовиќ, беше донесена одлука и за избор за заменици на членовите на Советот, а се разгледуваа и сите можни активности за поголема промоција на работата на ЛЕСС.

1 (1)