Усвоен деловникот за работа на Локалниот Економски Социјален Совет на општина Струмица

На денешната, трета по ред седница на Локалниот Економски Социјален Совет на општина Струмица, едногласно беше усвоен деловникот за работа. Покрај усвојувањето на деловникот, членовите на Советот дискутираа по планираната обука за стратешко планирање која што на 6 и 7 април ќе се одржи во Берово. Со оваа обука практично ќе отпочне и изготвувањето на стратешкиот план на Локалниот Економски Социјален Совет со кој ќе се дефинираат идните цели и развојот на Советот.

DSC_0491_1564_1050