Локалниот Економски Социјален Совет ја одржа втората седница

Локалниот Економски Социјален Совет на општина Струмица, денеска, во просториите на Домот на АРМ ја одржа втората седница. Откако беше усвоен записникот од првата седница и разгледан предлог деловникот за работа, Марија Игнатова Гошева, виш специјалист за јавно приватен дијалог во Проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ ги презентираше планираните активности со ЛЕСС и улогата и задачите на Работната група за изработка на Стратегија и Програма за работа. На денешната седница беа избрани членовите на Работната група, а истата заврши со давање предлози кои ќе бидат разгледани на наредната седница на ЛЕСС.