Општина Струмица го подобрува животниот стандард на граѓаните

Локалниот економски социјален совет на општина Струмица на денешната петта седница ги усвои Стратегијата на ЛЕСС и Акциониот план за вработување, два многу значајни документи кои ја потврдуваат силната желба на општината во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Според Тони Милушев раководител на секторот за локален економски развој, овие документи беа подготвувани и изработени врз база на неколку месечни анализа на теренот и добиените реални информации и податоци од релевантните институции.
-Секако сите тие активности на Локалниот економски социјален совет се должат на силната посветеност и на останатите членови и партиципиенти како што се,  Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати на Македонија, како главни партнери и Регионалната занаетчиска комора, Советот на млади и претставниците од образовниот систем, како партиципиенти. Документите се многу содржајни и реални, а граѓаните ќе ја имаат можноста истите да ги погледнат и на официјалната веб страница на општина Струмица, а во наредниот период и на посебна веб страница на ЛЕСС која е во подготовка. Со тоа граѓаните ќе можат да ги дадат своите коментари и евентуални надградувања се со цел подигнување на нивото на квалитет на самите документи, а во функција на подобрување на целокупниот економски амбиент на локално ниво, рече Милушев.
Стратегијата на Локалниот економско социјален совет и Акциониот план за вработување ќе бидат доставени до Градоначалникот и Советот на општина Струмица заради добивање на официјален легитимитет.
Околу 14 илјади луѓе во Струмица бараат работа, најголем дел се со средна стручна подготовка и нискокфалификувана работна рака. Отворањето на индустриските зони е една од можностите ги нуди општина Струмица за намалување на невработеноста.