Во Струмица се одржа работилница за практикантство со менторирање

Денеска во просториите на домот на АРМ во Струмица се одржа работилница на тема „Учење преку работа

– практикантство со менторирање“ и презентација на прирачникот „Зошто и како да организирате практикантство со менторирање“. Организатори на средбата беа Локалниот економско социјален совет на општина Струмица и Агенцијата за вработување на Република Македонија – центар Струмица.

401061_552351384816556_996502404_n

На средбата присуствуваа претставници на бизнис секторот, млади невработени луѓе, претставници на центарот за вработување, на општина Струмица и претставници на УСАИД со чија поддршка е изработен прирачникот. Преку богата дискусија и конкретни примери се разговараше за практикантството и се утврдуваа насоките за негово организирање во претпријатијата со менторирање како добра практика за учење преку работа.
Инаку, општина Струмица под раководство на градоначалникот Зоран Заев, ја препозна придобивката од  економско социјалниот совет за целата локална заедница и меѓу првите ги презеде сите активности за негово формирање и работење. Денешната работилница е дел од Акциониот план за вработување на општина Струмица.

5230_552351121483249_996495027_n